Категории

Наградите се многу повеќе од плакети – тие се препознавање на досегашната одлична работа и мотивација за уште подобра работа во иднина. Ecommerce Awards ќе ги препознае и награди најдобрите во македонската е-трговија.

Заинтересираните компании може да учествуваат во изборот во 23 категории поделени во 3 секции. Секоја од нив носи своја вредност и тежина затоа што македонската е-трговија ја сочинуваат ислучителни компании, претприемачи и учесници без кои на би била тоа што е. 

Пријавувањето за прави со пополнување на формулар и е бесплатно, а рокот за пријавување е до 13ти јануари 2023

Во продолжение прочитајте повеќе за секциите и категориите. Победниците ќе бидат прогласени во март на свечена церемонија за доделување. 


Правилата за учество на Ecommerce Awards може да ги прочитате ТУКА.

Најдобри е-трговци во одбрани аспекти на онлајн продавање

Ова се признанија за достигнувањата во одделни клучни аспекти во е-трговијата кои придонесуваат за издигнување на е-трговијата на повисоко ниво, подделени во 11 категории.

Во оваа категорија се номинирани е-продавници за онлајн шопинг кои интегрирале иновативни решенија кои го олеснуваат корисничкото искуство при онлајн плаќање.

Во оваа категорија се номинирани е-трговци кои интегрирале нови технологии и решенија во оваа област. Гласајте за е-трговецот кој е пред другите во доставата на онлајн нарачките.

Гласајте за е-трговецот кој овозможува одлична, брза и ефикасна грижа за своите корисници

За оваа категорија се номинирани е-трговци кои имаат минимум 20.000 следбеници на двете мрежи Facebook и Instagram комбинирано и кои сметаат дека нивниот маркетинг на социјални медиуми е исклучителен и треба да биде препознаен.

Гласајте за вашиот фаворит кој обезбедува беспрекорно искуство при плаќање на сметки онлајн.

Гласајте за владино решение во областа на онлајн услугите и онлајн плаќањата кое сметате дека во изминатава година беше најкористено и придонесе кон дигитализација на институциите.

Наградата ќе се додели според дизајнот, корисничкиот интерфејс, креативноста и оригиналноста на мобилната апликација.

Во оваа категорија се номинирани платформи на кои различни правни субјекти имаат свои продавници кои нудат различни производи за продажба пред крајните купувачи

Во оваа категорија се номинирани е-трговци кои продаваат и дома и надвор од границите на нашата земја.

Во оваа категорија се номинирани е-трговци кои поседуваат Беџ за верификуван е-трговец на својата веб страница.

Во оваа категорија се номинирани е-продавници кои се основани од жени.

Најдобри е-продавници по сектори

Во оваа секција внимателно ги одбравме 9те сектори согласно понудата на македонскиот пазар.

За оваа категорија се номинирани е-продавници кои продаваат облека и обувки онлајн

За оваа категорија се номинирани е-продавници кои продаваат апарати за домаќинство, компјутери, телефони и останати апарати и електроника

За оваа категорија се номинирани е-продавници кои продаваат храна, додатоци за исхрана, пијалоци, вклучително и онлајн супермаркети и платформи за нарачки и достава на храна

За оваа категорија се номинирани е-продавници кои продаваат патувања, превозни услуги, туристички аранжмани и други туристички услуги

За оваа категорија се номинирани е-продавници кои се бават со продажба на модни додатоци и аксесоари како очила, накит, чанти како, продавачи на препарати за нега и убавина, производи и услуги за здравје.

За оваа категорија се номинирани е-продавници кои продаваат мебел и покуќнина, алати и мебел за градина и сл.

За оваа категорија се номинирани е-продавници кои продаваат облека за деца и бебиња, опрема за деца и бебиња, играчки и сл.

За оваа категорија се номинирани е-продавници кои нудат услуги како осигурување, хостинг, продажба на билети и други услуги

За оваа категорија се номинирани е-продавници кои нудат услуги како купување на билети за настани, претстави, книги, обуки и други производи или услуги

Шампиони во е-трговија

Како што и самото име кажува ова е секцијата која ќе ги препознае шампионите кои неуморно работат и придонесуваат за македонската е-трговија.

Во оваа категорија се номинирани сите компании кои отвориле своја е-продавница во текот на 2022 година и кои сметаат дека нивните досегашни успеси треба да бидат препознаени и наградени.

Гласајте за вашата омилена е-продавница. Доделувањето на оваа награда ќе се базира исклучиво на гласовите од јавноста.

(Победникот за оваа категорија ќе биде одбран единствено на база на гласовите од јавноста)

Главната наградата на Ecommerce Awards. Гласајте за е-трговецот кој сметате дека постигнал фантастични резултати на полето на е-трговија.