"Во насока на натамошно подобрување на услугите и забрзување на спроведувањето на царински постапки и целосно бесхартиена околина, Царинската управа воведе Зелена царинска декларација со која постапката за царинење се завршува за 1 час, и е овозможено електронско прикачување на потребни документи.
Зелената царинска декларација односно царинење за еден час овозможува:
- Електронско поднесување на царинската декларација (за увоз или извоз) со дигитален потпис од екомските оператори во СОЦДАД системот,
- Автоматски проверка и валидација на податоците од декларацијата во системите ИТО, преку веб сервиси за комуникација помеѓу системите,
- Автоматска проверка и валидација на издадените дозволи во EXIM, преку веб сервиси за комуникација помеѓу системите
- Електронско прикачување и верификација со дигитален потпис на придружните документи кон царинска декларација од страна на ЕО,
- Автоматска селекција на канал (црвен, жолт, зелен канал) преку сервиси со Системот за анализа на ризик - ЕСКОРД
- Автоматско активирање на тајмер од 1час за декларациите селектирани на зелен канал (не подлежат на контрола), со можност за пренасочување на канал за контрола, поради основано сомневање
- Автоматска проверка дали се обезбедени увозните давачки (царина, ддв, акциза) преку сервис во Системот за гаранции (ГМС),
- Интеграција со електронските уплати од трезорскиот систем на МФ и автоматска проверка дали се платени увозни давачки,
- Автоматско известување на ЕО за завршување на постапката пуштање на стоките во слободен промет, најмногу за 1 час.
Зелената царинска декларација овозможува на економските оператори, далечински без интервенција и физичка интеракција со царинскиот службеник да ја завршат царибнската постапка за 1 час и да ги пуштат стоките во слободен промет. Врз основа на тековните податоци за селекција на декларации по канали, се овозможува 70% од увозните и 97% од извозните декларации да ја комплетираат царинската постапка за 1 час."